Во Струга утре ќе гласаат 26 болни и изнемоштени лица

Од:

На деветте избирачки места во Општина Струга на кои ќе се повтори изборниот процес в недела, ќе гласаат вкупно 7.885 граѓани запишани во  единствениот избирачкиот список. Утре ќе гласаат 26 болни и изнемоштени лица, кои се пријавиле во Општинската изборна комисија, информираше претседателот на ОИК Џенгис Хани.

Во Струга ќе се прегласува на три избирачки места во градот, на исто толку во селото Октиси, на две во Подгорци и на едно избирачко место во селото Боровец.

Во вториот круг од изборите во Струга, Зијадин Села, кандидатот за градоначалник од ДПА, поддржан и од ДУИ доби 20.770 гласови. Неговиот противкандидат од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочоски освои 15.276 гласа.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“