Во Струга физички нападнат екс заменик генералот во АРМ Адил Газафер

Од:

Адил Газафер, екс Заменик Генералот на АРМ, физички бил нападнат од неколку лица мината ноќ во Струга.Тој за А1 вели дека инцидентот се случил во кругот на муслиманските гробишта во Струга.

„Со синот од балконот на станот каде што живееме, а кој се наоѓа наспроти гробиштата, забележавме неколку лица, Македонци, како ги кршат канделабрите поставени на гробиштата. Веднаш излеговме надвор со цел да ги спречиме тоа да го прават.

– Беа пет полнолетни лица кои поминувајќи покрај гробиштата почнаа да ги кршат канделабрите и тоа во период кога почна рамазанските пости. Ги прашавме зошто кршат. Во тој момент прекинаа.

– Во меѓувреме се појави друг повозрасен човек кој почна да вика кој е тој што брка Македонци, по што лицата физички не нападнаа со синот и почнаа да не удираат со тупаници“, изјави поранешниот генерал Адил Газафер.

За кратко време дошла полиција и ја смирила целата ситуација.

Газафер вели дека потоа биле однесени во полиција на распит, им бил направен алко-тест, но ништо не било пронајдено кај него и синот. Тој се сомнева дека лицата кои ги нападнале биле пијани.

Газафер кој беше иницијатор за уредување на гробиштата во Струга вели дека тие се постојана мета на вандалско однесување на одредени поединци и оти верниците биле иритирани што овој инцидент се случил на почетокот од светиот месец Рамазан.

„Сакавме после молитвата во џамија директно да го блокираме патот што води кон Охрид, кај самите гробишта. Но доколку виновниците не се пронајдат и не се казнат, наредниот петок ќе ги реализираме протестите“, рече Газафер.

Пред две години беа оштетени и дел од гробиштата, а во последните три години биле искршени 138 канделабри. До ден денес никој не е казнет.

„Сметаме дека гестот е лош во ова време на пост“, вели Газафер.

Од СВР Охрид рекоа дека немало никаков инцидент и оти имало само вербална расправија и нарушување на јавниот ред и мир. Според полицијата не биле искршени никакви канделабри.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец