Во стан во Гостивар, девојка застрелана во стомак

Од:

Дваесет годишна девојка, во се уште неутврдени околности била застрелана од пиштол во стан на улицата „Илинденска” во Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Според првичните наоди од извршениот увид, синоќа половина час по полноќ, во станот сопственост на Н.Е. (45) била тешко ранета неговата ќерка Ф.Е. (20). Од еден куршум таа задобила влезно-излезна рана во стомакот, по што била пренесена во Гостиварската болница, а отаму како итен случај е префлена на Скопските клиники каде како тежок случај е задржана на лекување.

По увидот на јавниот обвинител и екипа на СВР Тетово, најден е пиштол и подигнати се траги кои се дадени на вештачење. Засега не се знае како дошло до ранувањето и дали станува збор за обид за самоубиство и кои се мотивите кои довеле до немилиот настан.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата