Во стабилна состојба е пациентот од пожарот од Кочани кој се лекува во кумановската болница

Од:

Во стабилна состојба е пациентот донесен од пожарот од Кочани кој се лекува во кумановската болница, информираа денеска надлежните.

– Пациентот има полесни опекотини на лицето и рацете, набиеници на десното рамо. Стабилен е контактибилен и прима соодветна терапија, изјави директорот на кумановската болница, д-р Стефан Трајановски.

Кумановската болница веднаш ги удвои службите на неколку клучни одделенија, хирургија, анестезија, трансфузиологија и аптека,за евентуален прием на пациенти од трагедијата во Кочани. Сепак, надлежните додаваат дека болницата нема технички услови за интензивна нега.

– Постојано бевме во приправност меѓутоа сакам да знае кумановската јавност дека нашата болница, за жал, нема систем за континуиран дотур на кислород, така што не сме во состојба технички организираме продолжено одржување на живот на пациенти со животозагрозувачка состојба, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Заедно во тишина со нашите 63 ангели – собир во 02.15 пред „Пулс“