Заедно во тишина со нашите 63 ангели – собир во 02.15 пред „Пулс“

Од:

Рано утрово во 02:15 часот пред поранешната т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани ќе се одржи собир на кој ќе им се оддаде почит и сеќавање на жртвите од минатогодишната трагедија.

Собирот, според Здружението „16 март 2025 година“, ќе одбележи една година од трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени во пожарот што избувна во дискотеката.

„Да застанеме заедно во тишина со нашите 63 ангели. Ќе оддадеме почит со една минута молк. Во 02:32 часот – моментот што засекогаш го промени Кочани. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, се наведува во објавата на здружението на Фејсбук.

Викендов со повеќе настани се одбележува годишнината од трагедијата. Пред објектот на „Пулс“ денеска се поставени 63 срца со имињата на загинатите, како потсетник на младите животи што згаснаа таа ноќ.

Би можело да ве интересира

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“