Во средните училишта запишани 11 697 ученици, второто пријавување на 28 јуни

Од:

По добиените извештаи од двата дена (18-ти и 19 јуни) пријавување во средните училишта за упис во прва година за 2018/2019 година, Министерството за образование и наука денеска соопшти дека од 17 590 пријавени, запишани се 11 697 ученици.

Според видот на образованието, 4 873 се примени во гимназиско образование, 6 462 во стручните училишта, 208 ученици во Спортска академија и 154 во спортска гимназија.

– Квалификациско тестирање ќе се реализира на 22 јуни  во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје (за образовниот профил медицинска сестра од здравствена струка на македонски наставен јазик) и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование. Училиштата во кои ќе се реализира квалификациското тестирање, конечните ранг-листи ќе ги објават на 25 јуни, соопшти МОН.

Како и во минатите гидини, најголем е интересот во гимназиите, така што запишувањето ученици во Скопје е завршено во гимназиите  „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ ,„Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и во „Јосип Броз Тито“ во Битола, како и за образовни профили од здравствена струка и од економско-правна и трговска струка…

По објавување на ранг-листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително треба да ја подигнат целокупната документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

За второто пријавување во јунскиот рок, кое ќе се спроведе на 28-ми месецов, слободни места има за вкупно 24 086 ученици, од кои за гимназиско образование 6 068 и за стручно образование 17 900 места. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени 29 јуни.

МОН информира дека за второто пријавување училиштата може да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

– Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25 јуни година за второто пријавување, соопшти Министерството.

Намалување на поените ќе нема во гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во  август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови