Во среда без вода повеќе скопски улици во Центар и Карпош

Од:

Прекин во водоснабдување утре од 8:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект во шахта од ф 2* на улица „Димитрија Чуповски“ бр.1

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата

Од 09:00 до 11:00 часот, вода ќе немаат и дел од корисниците од општина Карпош.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради дефект во шахта на улица „Руѓер Бошковиќ“, кај градинката, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Иван Арговски“, „Гиго Михајловски“, дел од улица „Руѓер Бошковиќ“ и „Бранислав Нушиќ“.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје