Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Од:

Соседите и земјите од регионот во знак на поддршка и почит за жртвите од големата трагедија во Кочани во која загинаа 59 луѓе,а над 150 се повредени, прогласија ден на жалост.

Ден за жалот денеска е во Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера беше и во Црна Гора.

Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување се испратени и дел од повредените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.

И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.

Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски