Во Советот на Град Скопје советници од шест партии и една независна листа

Од:

Вкупно шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје, според резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија за Локалните избори 2021.

Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – 5, Левица – 4, АА/А – 2, ЛДП/ДОМ – 2 и Зелен хуман град – 2 советнички места.

Советот брои 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.

Вкупно гласале 229.725 избирачи, од кои 217.706 се важечки и 12.019 се неважечки гласачки ливчиња.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања