Во сообраќајка загинаа три лица од Голо Брдо

Од:

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај селото Требиште во Голо Брдо.

Од здобиените повреди на самото место починале Азем Карабрахами (21) од селото Мало Острени, неговата сестра Елена Бајрами (32) од село Тучепи и Муса Нуредини (35) од село Мало Острени, кој управувал со возилото.

Со тешки повреди се здобил Гентиан Сула (27) кој најпрво бил пренесен во Општата болница во Дебар, а по укажаната прва медицинска помош, бил префрлен на лекување во регионалната болница во пограничниот албански град Пешкопеја, 20 километри оддалечен од Дебар.
Несреќата се случила околу 15 часот, на влезот во селото Требиште, кога возачот изгубил контрола по што, возилото излетало од патот и паднало во бездна.

По отворањето на граничниот премин Требиште – Џепиште, жителите од Голо Брдо речиси секојдневно доаѓаат во Дебар да пазарат. Предност е и малата оддалеченост од дванаесеттина километри или временски, помалку од половина час.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски