Во сообраќајка загина маж од Скопје

Од:

Полицијата извести дека вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл управуван од Т.С.(50) од Скопје.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски