Во сообраќајка загина маж од Македонски Брод

Од:

Денеска околу 11.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален патен правец село Ропотово – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот П.С. од Битола и патничко возило „форд галакси“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот С.Р. од Македонски Брод, информира МВР.

На местото на несреќата починал С.Р..

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа