Во сообраќајка во близина на Челопек, едно лице тешко повредено

Од:

Лицето Д.В. (31) од тетовското село Радиовце се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила околу 2 часот по полноќ на регионалниот пат Тетово-Волковија во непосредна близина на свињарската фарма во Челопек.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека Д.В. се здобил со скршеници на десниот колк и носот, откако патничкото возило „Голф“, што тој го управувал излетало од патот и удрило во блиските дрвја.

– Набрзо тој е пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, а заради сериозноста на повредите префрлен е на скопските клиники, рече Јосифовски.

Според него, полицијата извршила увид и првично причина за несреќата е неприлагодена брзина додека материјалната штета се проценува на 60 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски