А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во сообраќајка повредени двајца грчки државјани

by А1он03/10/2013 - 14:28122
Share0

Двајца грчки државјани се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово во 9 часот на делницата од автопатот Велес–Градско на 2,8 километри од наплатната рампа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според информацијата од Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес до несреќата дошло кога патнички автомобил џип марка „БМВ Х-6“ со германски регистерски ознаки управуван од 58-годишен грчки државјанин изгубил контрола и излетал надвор од коловозот на земјена површина, по што неколку пати се превртел и удрил во металната еластична ограда.

– Возачот и двајцата сопатници, исто така грчки државјани, се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицински центар Велес заради укажување лекарска помош, појасни таа.

По овластување на Јавен обвинител и Истражен судија од Основен суд Велес увид на лице место изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во сообраќајната несреќа двајца од тројцата патници веднаш се пренесени во велешката Градска болница, информира на денешната прес – конференција Силвана Мишкова, портпарол на Градската болница од Велес.

– Возачот е со површински повреди во пределот на главата и на градниот кош, направени се дополнителни испитувања, ренген снимки на глава и граден кош. Исклучени се посериозни повреди. Сопатникот има една рана во предел на главата, санирана е раната, згрижени се пациентите, рече др. Мишкова.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Горан Наумовски21/10/2026 - 17:02

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:3618/10/2026 - 14:08

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски17/10/2026 - 16:4917/10/2026 - 17:14

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он08/10/2026 - 10:2608/10/2026 - 10:26

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:3411/09/2026 - 13:46

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео