Во сообраќајка повредена бугарска државјанка

Од:

Л.И.З. (70) од Софија, Република Бугарија, е тешко поврдена во сообраќајка што се случи вчера околу 10:30 часот на скопската обиколница „Мајка Тереза“.

Како што информира МВР, незгодата ја предизвикал З.В.З. (78) од Софија, управувајќи возило „Ауди А6“ со бугарска национална ознака, во кое била Л.И.З.. З.В.З. изгубил контрола над возилото, излегол на десната страна надвор од коловозот и се превртел.

Л.И.З. со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентниот центар каде по укажаната лекарска помош, на нејзино барање е препратена во Бугарија.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ