Во сообраќајка на патот Штип – Велес: Седуммина повредени во судар на две возила

Од:

Синоќа на патот Штип – Велес кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат стило“ управувано од С.С.(53) од село Ерџелија близу Свети Николе, и возило „форд“ управувано од М.З.(63) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.Ј.(39), Д.С.(37) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он