Во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар полесно повредени четири полицајци

Од:

Четворица полицајци се полесно повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 20 часот и 45 минути се случила на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на клучката за Камењане, информираше портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски.

Според неговите информации, возачот на полицискиот „ландровер“ 43-годишен полицаец од Гостиварско загубил контрола врз возилото по што се превртеле на покривот. Возачот и тројцата сопатници, исто така полицајци, се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во Тетовската клиничка болница се пуштени на домашно лекување.

Според информациите од Јосифовски, причина за превртувањето било тоа што возачот забележал оти по автопатот, односно по десната сообраќајна лента се движи пешак за кој подоцна било утврдено дека станува збор за Н.А. (65) за кого било утврдено дека бил пријавен дека се оддалечил од дома и во обид да го избегне, полицискиот џип се превртел. Во несреќата пешакот не бил повреден, а материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари.

Вчера вечер во Тетово во сообраќајна несреќа повредено е уште едно лице. Околу 19 часот и 20 минути на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Тетово Ѓ.Ѓ. (55) од Сараќино поради неприлагодена брзина загубил контрола врз автомобилот „голф“ со тетовски регистарски таблички по што удрил во три паркирани автомобила „застава рива“ и два „мерцедеса“.

На возачот кој се здобил со телесни повреди му била укажана лекарска помош во Тетовската болница по што бил пуштен на домашно лекување, но притоа било утврдено дека имал поголемо присуство на алкохол во крвта. Материјалната штета во оваа сообраќајка се проценува на 100.000 денари.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он