Во сообраќајка кај Велес загина унгарски државјанин

Од:

На автопатот Велес-Скопје синоќа околу 1 часот и 40 минути  кај Дурутовец се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило со приколка, марка „сканиа“,  со унгарски регистерски ознаки, од засега неутврдени причини излетало од коловозот и слетало во провалија 20-тина метри, информираат од СВР Велес

– Екипи на СВР Велес и надлежен јавен обвинител се на лице место и се превземаат мерки за извлекување на возачот од возилото. По целосно завршување на увидот и по анализите, ќе бидат соопштени и причините поради што е дојдено до сообраќајната несреќа, истакна портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден