Во сообраќајка кај Моране почина жена, петмина повредени

Од:

Сообраќајна несреќа помеѓу „цитроен ксантија“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 24-годишниот скопјанец В.Ј. и „фиат чиквеченто“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 27-годишниот скопјанец Н.Д., се случила синоќа околу 23.25 часот во селото Моране.

По судирот на возилата „фиат чиквеченто“ излегло од коловозот и удрило во дрвени столбови со жичана ограда и дрвја што се наоѓале во нивата по што истото се превртело. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Д. и Шиме С.(61) сопатничка во „фиатот“, која утрово околу 3.30 часот им подлегнала на повредите.

Со телесни повреди се здобил возачот В.Ј. и Г.П.(21) сопатник во „цитроенот“, како и и С.Т(37) и А.С.(28), кои бие во другото возило.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена