23-годишно момче загина во сообраќајка кај Зрновце

Од:

Во сообраќајка што се случила ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, загинало 23-годишно момче, а неговиот врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 01:30 часот на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, на влезот во село Зрновци, кочанско, К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот. На местото на настанот загинал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари