Во сообраќајка близу Струмица загина 46-годишен мотоциклист

Од:

Полицијата извести дека вчера било пријавено дека на регионален пат Р1402, на делница од с.Габрово до с.Банско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ управуван од М.Н.(46) од село Банско.

Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он