Во Солун средба меѓу првите луѓе на македонската и грчката полиција

Од:

Справување со тероризмот, организираниот криминал и миграциите беа тема на разговор на денешната средба во Солун меѓу првите луѓе на македонската и грчката полиција, директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски и шефот на полицијата на Република Грција, генерал – полковник Константинос Тсувалас.

Како што информира МВР, во рамки на посетата на претставници на полицијата на Република Македонија на полицијата на Република Грција беше одржана и средба на два тима помошници во кабинетите на директорите на полицијата. На оваа средба, исто така, главен акцент беше даден на тероризмот, организираниот криминал и миграциите.

– Со оглед на сегашните позиции на Република Грција и Република Македонија во меѓународни рамки, договорено е заедничките активностите да се одвиваат директно преку раководителите на организациските единици задолжени за справување со тероризмот, организираниот криминал и миграциите. Исто така, договорено е да се воспостават контакт точки преку соработка на експертски тимови од секоја организациона единица на двете полиции, соопшти МВР.

На состанокот на претставниците на грчката и македонската полиција била искажана подготвеност да се иницира одржување на уште еден состанок на кој ќе се постигне договор за соработка во областа на криминалистичко-разузнавачката анализа и тероризмот.

– Соработката ќе биде продлабочена и издигната на повисоко ниво. Во духот на градење на добрососедски односи, двете министерства ќе соработуваат со поголема меѓусебна доверба, потенцираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски