Во Собранието закажани продолженија на пет пленарни седници

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани продолженија на пет пленарни седници, на кои има закони со завршена расправа и за коишто треба само да се гласа, и закони и други одлуки за кои народните избраници ќе можат да дебатираат. Закажани се продолженија на 18., 26.,29., 34. и 39. седница.

На 18. седница на дневен ред е Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.

На 26. седица се заостанати Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка и Предлог на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање, поднесен од: Павле Трајанов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски, Боби Мојсоски, Моника Зајкова.

Во рамки на 29., 34. и 39 пленарна седница се останати по неколку закони, од кои за дел е веќе завршена расправата.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски