Во Собранието за децата се дискутирало од аспект на нивните образовни, социјални и здравствени права

Од:

Во 2016 година пратениците во македонското Собрание на теми поврзани со тецата во најголем дел дискутирале за нивните права на соодветно образование, на здравстена и на социјална заштита, покажуваат резултатите од анализата на Извештајот за застапеноста на детските права во работата на Собранието на Република Македонија во текот на 2016 година.

Целта на овој извештај е да се направи генерален увид за степенот на застапеност на детските права генерално во Собранието на Република Македонија. За таа цел се разгледувани материјалите во текот на 2016 година, при што било увидено дека во Собранието пратениците разговараат за правата на децата од различни аспекти, но оти најчесто за правата на децата се зборува на индиректен начин, како теми кои можат да предизвикаат поголем интерес ако се важни и за децата.

При анализата на документацијата бил земен предвид политичкиот контекст во кој функционирало Собранието на Република Македонија во текот на 2016 година и присуството на многу приоритетни прашања кои се директно поврзани со функционирањето на нашата држава.

– Од тој аспект сметаме дека и индиректниот начин на разгледување и дискутирање за правата на децата се за поздравување. Сепак, ги повикуваме пратениците на Собранието на РМ во иднина да стават акцент не само на примарните права на детска заштита, туку и на секундарните и терцијални права како што се право на детско учество, слобода на говор…, се посочува во заклучоците од Извештајот.

Во нив се препорачува комисиите кои третираат прашања поврзани со детските права да вклучуваат граѓански организации кои имаат експертиза по одредени прашања со цел да се поттикне партиципативен процес при донесување системски одлуки поврзани со детските права.

Извештајот е дел од проектот: „Имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето во Македонија“, спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА и поддржана од Детската фондација Песталоци.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он