Во Собранието средба за одбележување на годишнината од геноцидот во Сребреница

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ, во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Собранието во 2010 година донесе Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот Парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година и се обврза соодветно да го одбележува 11 Јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Почнувајќи од 2017 година, делегација на Собранието на Република Северна Македонија присуствуваше на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари, со што оддаваше почит на сите жртви на геноцидот во Сребреница од јули 1995 година. Но, поради пандемијата и неможноста за физичко приуство во Сребреница оваа година, претседателот на Собранието Џафери и членовите на собраниската делегација кои минатите години присуствувале на одбележувањето на 11 Јули во Поточари, одлучија со средба да ја одбележат годишнината на геноцидот.

На средбата, како што се наведува во соопштението, беше потенцирано дека, иако во Резолуцијата на Европскиот Парламент усвоена во 2009 година не се споменува геноцид, во нашата Декларација, геницидот се нарекува со вистинското име во знак на сеќавање, со цел да не се повтори веќе никогаш. Исто така, иако Собранието во текстот се обврза да го одбележува 11 Јули, тоа за првпат се случи дури во 2017 година, со присуството на комеморацијата во Сребреница на првата собраниска Делегација во состав Зеќир Рамчиловиќ, Илија Николовски и Реџаил Исмаили.

Со ова симболично одбележување, претседателот на Собранието и пратениците, оддадоа почит кон жртвите и упатија порака – „Сребреница да не се заборави и никогаш да не се повтори!“

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада