Во Собранието расправа за Кети Петкова за член на Советот на јавните обвинители

Од:

Во Собранието почна расправата за избор на Кети Петкова, адвокат и магистер по правни науки од Гевгелија за нов член на Советот на јавните обвинители на Северна Македонија.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов, кандидатката Петкова не ги исполнува условите за да биде избрана за нов член на Советот на јавни обвинители. Трајанов рече дека ова е продолжување на недемократскиот и нестатутарен процес за избор на членови на Советот на јавно обвинители.

-Кандидатот Кети не ги исполнува условите од конкурсот. Зошто? Затоа што во пријавата нема поднесено никакви документи дека има научна работа, односно нема поднесено документ дека е истакнат правник, рече Трајанов.

Според пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова, кандидатката не ги крши законските процеси и процеси. -Законот не е дециден околу истакнат правник и кажавте дека не е нејзина вина, туку законската регулатива и овозможува да се јави на оглас, што значи дека вие ништо не спорите околу професионалноста и околу огласот бидејќи законски се исполнети условите, рече таа.

Во рамки на 120. седница заврши општата расправа за именување на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Спикерот Талат Џафери информира дека гласањето дополнително ќе биде закажано по оваа точка, оти нема услови за одлучување.

Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Глигоров освен што е несоодветен за македонската администрација, ќе биде и пречка во спроведување на било какви реформи во администрацијата.

-Мислам дека повторно ќе се случи да бидеме повикани во извештајот на Стејт департментот за несоодветни личности да бидат на чело на институции кои се замислени во системот да бидат надпартиски и на тој начин да понудат добра платформа за реформа во администрацијата, но и за сигурност и недискриминација на државната и јавната администрација, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова праша со што Глигоров заслужил по втор пат да биде предложен за директор на Агенцијата за администрација. Според Панова, со години не се менуваат систематизациите за да можат да бидат вработени луѓе кои и се потребни на одредена политичка партија.

Според пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, пак, посочи дека има голем број вработувања во општините со кои раководат кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

– Треба да одговорите како партија двеста вработувања во еден ден како се случиле? Треба да одговорите зошто ништо не работите? И зошто само ја полните администрацијата? Зошто вашите градоначалници ништо не прават, освен што вработуваат ваши партиски кадри, рече Каевски.

Пратениците треба да почнат со работа по дадената редовна пауза.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет