Во Собранието расправа за измените на Законот за градење

Од:

Собранието на денешната седница расправа пред прдложените измени на Законот за градење кој предидува да може да се издаде одобрение за градење и со 90 проценти оформена градежна парцела, со можност таа да се дооформи до пуштањето на употреба на објектот. Според измените, доколку парцелата не се доофрми, објектот нема да добие употребна дозвола, ниту имотен лист.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека се залага за позитивните компоненти на измените Законот кои се во функција на градежниците и купувачите.

Според него, 10 проценти нерешени имотно правни односи се однесуваат на државната сопственост и не станува збор за некаков кримнал.

За пратениците од владејчкото мнозинство законот што се носи е од интерес за граѓаните, додека за опозицијата се работи за непопуларна измена напишана во непрецизна и нејасна форма за граѓанинот.

Според нив, решението барателот да добие дозвола за градба иако нема сто процентна, туку има до 90 процентна сопственост на парцелата, може да биде штетно за потенцијалните купувачи на станови.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски