Во Собранието прва Надзорна расправа за аерозагадување

Од:

На денешната Надзорна расправа за аерозагадувањето се разви широка и конструктивна дискусија, каде претставници од граѓанскиот сектор, еко-активисти и институциите имаа можност да се обратат, информираат од Левица.

Велат дека „Во самата расправа учество земаа претставници од Здружението на млади правници, невладината организација „Еко свест“, ЕГ „Грин Пауер“, како и членови на „О2 Иницијатива“. Граѓанскиот сектор нотира дека недостасуваат стратешки документи за справување со аерозагадување, иако институциите се должни истите да ги изработат.

Отсуството на политичка и правна одговорност за централната и локалната власт, несоодветни капацитети на обвинителствата за справување со кривичното дело “ЕКОЦИД”, како и слабото постапување на судовите во делот од еколошкиот криминал – се само дел од институционалните проблеми, подвлекуваат од партијата.

„На надзорната расправа свое обраќање имаше и поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина – Ана Петровска. Во своето стручно и исцрпно обраќање, таа особено го нотира проблемот со увоз и горење на нафтени деривати, затоа што институциите немаат капацитет за соодветна контрола на овие енергенси. Петровска потенцира дека итно и неодложно е потребно донесување на: Закон за контрола на индустриските емисии кој е веќе во нацрт-форма; Протокол за контрола на горивата. Иако на надзорната расправа за аерозагадување уредно беа поканети премиерот Христијан Мицкоски, министерот за животна средина Изет Меџити и заменик-министерот за животна средина Ане Лашоска, истите не присуствуваа на денешната расправа“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел