Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Од:

Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз.

Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со Алијанса за Албанците.

За премиерот Димитар Ковачевски, одлуката за излегување од власта на Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, додавајќи дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата.

Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали.

Засега е неизвесно до кога ќе трае заседанието за реконструкција на Владата, од причина што според собранискиот Деловник, за разрешување на министри се предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено.

Според член 221 од Деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница.

– По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути, се посочува во членот 221 од собранискиот Деловник.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“