Во Собранието дебата, надвор протест против Законот за абортус

Од:

Денеска во 11 часот пред Собранието на Република Македонија, ХЕРА заедно со сите организации кои застанаа зад иницијативата за повлекување за новиот закон за прекинување на бременоста ќе одржат протест.

zenski-prava

Во исто време во собраниската сала, народните избраници, ќе дебатираат и гласаат за владиниот предлог, во кој се вклучени измените кои ги прифати министерот Тодоров.

„Јас лично, ако ме прашувате како Никола Тодоров, мислам дека не треба и не смее да се забрани абортусот, но сметам дека ова прашање треба да се регулира со закон“, изјави вчера министерот за здравство Никола Тодоров.

Првиот човек во здравството, тврди дека не треба да се повлече предлог-законот за абортус.

Опозицијата, и пратеничките од владиното мнозинство Ермира Мехмети Деваја и Лилјана Поповска се против ова законско решение.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски