Во следните три дена делови од неколку скопски населби ќе бидат без струја

Од:

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, во текот на престојниот викенд и в понеделник, од 15 до 17 мај, без електрична енергија ќе останат општините Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Утре без електрична енергија во период од 10:00 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Охридска“, „Титовелешка“ „Стеван Цветковски“, „Преспанска“, „Раде Јовчевски Корчагин“ во Маџир Маало, општина Центар.

Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Тајмишка“, непарни броеви 1а, 1б, 3а, 3б, 5а, 5б, 7а, 7б, 9а, 9б, 11а, 11б, парни броеви 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16 и 18, како и корисниците од улица „Коце Металец“ броевите 100, 102, 104, 106, 108, 110, 139а, 139б, 141а, 141б, 143а и 143б, во општина Гази Баба

Во недела без струја во период од 05:10 до 08:00 часот ќе бидат корисниците од индустриска зона Визбегово, како и корисниците од населбите Визбегово, Кучевишка Бара, Скопје Север, Топанско Поле и Топаана, корисниците од цела општина Чаир, Момин Поток, населба Шуто Оризари, објектот на затворот Шутка, како и поголена територија на општина Бутел – населбите Бутел 1 и Бутел 2, во општините Чаир и Шуто Оризари.

Во понеделник без струја во период од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица 1 и околните улички пред кружниот тек, во населбата Сопиште. Во период од 09:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат , индивидуалните стамбени објекти лоцирани на раскрсница меѓу улиците „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“, во општина Бутел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓе се качуваат пеш до 40-ти кат, немаме струја, немаме вода“ – Управителот на „Џевахир“ не ја платил сметката кон ЕВН

Орце Костов

Без струја повеќе делови на Скопје

Десетина села во Кичевско три дена се без струја

Без струја по неколку дена се повеќе села во земјава

Катерина Ѓуровски

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Студеничани утре без струја

Без струја утре делови од Кисела Вода, Чаир, Карпош и Сопиште