Во скопско БМВ пронајдени 13 мигранти од Сирија

Од:

Пронајдени се 13 мигранти од Сирија на автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, ноќеска по полноќ, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци, бидејќи во возилото кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија.

Дополнуваат дека тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари