Во Скопската котлина најзагадено, од попладне расчистување

Од:

Скопката котлина утрово е најзагадена. Највисоки концентрации во осум часот се измерени во Гази Баба 486,21 микрограми на метар кубен, Лисиче 436,82, кај Ректорат 375,69, Карпош 251,55 и во Миладиновци 111,93 микрограми.

Повисоки концентрации се измрени и во Кавадарци од 235,14 микрограми, Куманово 115,37, Велес 93,59, Кичево 58,86, Тетово 50,90 микрограми.

Во другите градови концентрациите се во дозволените максимални граници до 50 микрограми.

Според УХМР, од попладне се очекува промена на времето и расчистување на маглата. Во скопската котлина се очекува промена кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан