Во Скопје за викендот 23 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени се 23 сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во 13 полесно се повредени 11 лица, а во девет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена санкционирала 41 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, 13 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 23 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 64 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце