Денеска и утре во период од 5:30 до 10 часот ќе се врши втората аеросолната дезинсекција (авионско прскање) годинава против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје, информира град Скопје.
Аеросолната дезинсекција (терестрична), ќе се одвива од недела до четврток) од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Во соопштението на Град Скопје се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.