Во Скопје вчера санкционирани 207 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Град Скопје санкционира 207 возачи, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила и шест за поминување на црвено светло на семафор. Изречени се и 11 санкции за користење мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 16 за неносење заштитна маска, а 47 возила се подигнати со специјалнтоо возило „пајак“ .

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози