Во Скопје вчера изречени 184 сообраќајни прекршоци, 39 за брзо возење

Од:

При вчерашната засилена акциска контрола во сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението од МВР, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 39 санкции, 23 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Дополнуваат дека се изречени осум санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, шест за непрописно престигнување и обиколување и 45 за непрописно паркирање.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце