Во Скопје вчера 16 сообраќајки,повредени 12 лица, пајакот отстранил 46 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Петнаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 46 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Александар Урдаревски“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Чучер – Сандево и во Подрачното основно училиште во населено место Блаце.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ