Во Скопје вчера 14 сообраќајки, пајакот дигнал 63 возила

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и девет се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле 13 лица.

Се случила и една незгода со тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Шест возачи поминале на црвено светло на семафорот, како и 14 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Александар Урдаревски“ во населено место Сандево и во подрачното училиште во населено место Блаце кои се наоѓаат на територијата на општина Чучер – Сандево.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела, од 12 до 13 часот по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Градот Скопје ќе организира велосипедска трка која ќе започне од паркот „Жена борец“ на ул. „11 Октомври“ во продолжение по ул. „Димитрија Чупоски“, десно по бул. „Климент Охридски“, лево по бул. „Илинден“ до фонтаната во Градскиот парк. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски