Во Скопје вчера 12 сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и пет сопатници.

Се случила и една железничка незгода со загинато лица. Несреќата се случила во 8 часот и 10 минути на железничката пруга Велес – Скопје, поточно на железничкиот надвозник над бул. „Србија“. Во незгодата учествувале патнички воз и пешак, роден 1957 година. Како последица од незгодата пешакот им подлегнал на повредите на лице место.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од нив шест возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Глобата за овој сторен прекршок изнесува 300 евра, а предвидена е и санкција забрана за управување со моторно возило во период од три до 12 месеци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Мимоза“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ