Во Скопје вчера 12 сообраќајки со осум повредени

Од:

Едно лице е потешко повредено, а седум полесно во четири од вкупно 12-те сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот на подрачјето на СВР Скопје, а останатите осум поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера во Скопје санкционирала 14 возачи кои управувале возило со истечена сообраќајна дозвола и по еден што управувал технички неисправно возило, што поминал на црвено светло на семафор и што не дал првенство на минување. Санкционирани се и 10 лица кои управувале возило пред да се стекнат со право на управување и двајца возачи почетници.

Полицијата вчера открила 83 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ се отстранети 74 возила.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози