Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот отстранил 75 возила

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и осум се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца пешаци, двајца сопатници и еден мотоциклист.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со полесни повреди се здобиле три лица.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски