Во Скопје вчера 11 сообраќајки, четворица повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Taa се случила во 10:20 часот на крстосницата од ул. „Антон Попов“, од улица „Виктор Иго“ и сервисна улица која води кон паркинг просторот пред зграда бр. 16 лоцирана на ул. „Антон Попов“ во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, роден 1947 година, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Кочо Рацин“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со учениците од второ одделение.

Денеска со почеток во 9 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мировен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ