На подрачјето на Скопје, утре во период од 18:45 до 20:30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај, при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.
Протестот ќе започне во 18:45 часот пред Министерство за надворешни работи, на улица „Филип Втори Македонски“, по улицата „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, улица „Васил Главинов“, потоа по булеварите „ВМРО“ и Илинден“, пред Владата на Република Северна Македонија.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.