Во Скопје се речиси половина од заболените од Ковид-19 во земјава

Од:

Од новорегистрираните 1 182 случаи заразени со коронавирус во изминатото деноноќие во земјава, најмногу – 544 се во Скопје. Со тоа, бројот на активни случаи во главниот град изнесува 9 854 лица, од вкупно 20 485 на територија на цела Македонија.

По општини најмногу има во Гази Баба 1.437 случаи, додека нешто помалку има во Аеродром, 1.410. По нив следува Карпош со 1.201 случај, додека Кисела Вода и Центар имаат 1.195, односно 1.175.

Втор град според бројот на активни случаи е Прилеп со 998 заболени, потоа е Тетово со 979, а на третото место е Куманово со 922. И денеска во главниот град има најмногу починати пациенти, шест од вкупно 25 лица кои во последново деноноќие ја загубиле битката со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски