Во Скопје се одржа Атлетска НАТО трка

Од:

Над 270 лица денеска учествуваа на првата здружена Атлетска трка во рамки на одбележување на 70-годишнината од НАТО, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

На трката што ја отвори Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава, учествуваа и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставници на воено-дипломатскиот кор акредитирани во земјава, од МО, МВР и атлетски здруженија.

Победниците на трката ќе бидат соопштени утре на церемонија во Градскиот парк.

– Денеска и симболично покажавме дека сите овие години трчавме кон нашата заедничка цел, а тоа е НАТО-членството и таа трка за жал беше потешка од денешнава, и од трите и од петте километри. Таа траеше подолго време и бараше многу напори и одрекувања, изјави министерката Шекеринска по нејзиното пристигнување на целта.

Таа додаде дека сепак нашата држава стигна до целта. Така и најголемиот дел денеска од натпреварувачите, посочи, стигнаа до целта и покажаа дека сите сме обединети во желбата нашата земја да стане подобра, побезбедна, да стане попросперитетна.

-Затоа трчавме кон НАТО и заради големиот напор и големата енергија успеавме во оваа цел, потенцира Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски