Во Скопје санкционирани 319 возачи, 83 за брзо возење

Од:

Полицијата во текот на вчерашниот ден санкционираше 319 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што соопшти денеска МВР, од нив, за возење со поголема брзина од дозволената се казнети 83 возачи санкции, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а казнети се и 18 возачи на мотоцикли.

-Изречени се 18 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за возење под дејство на алкохол, 19 за користење мобилен телефон, 13 за некористење сигурносен појас, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 санкција за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ