Во Скопје откриена мини лабораторија за изработка на фалсификувани пари

Од:

СВР Куманово во содејство со СВР Скопје откри група на лица кои во Скопје направиле мини лабораторија опремена со опрема за скенирање, компјутерска обработка и изготвување на лажни пари, во која во почетокот на 2013 година изготвиле поголема количина на фалсификувани пари во апоени од по 500 денари со ист сериски број.

Од страна на полициските службеници од СВР Скопје опремата е одземена, по што до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава ке бидат спроведени Н.С.(24) , М.М. (24) и И.А.(39) од Скопје, Д.Т.(28) од Куманово и Г.С.(28) од Крива Паланка поради основано сомнение дека сториле шест кривични дела „ фалсификување пари„.

Пријавените Н.С, М.М и И.А, со намера за себе да прибават противправна имотна корист во лабораторијата печателе фалификувани банкноти, при што повеќе банкноти Н.С. заедно со Д.Т и Г.С ги пуштиле во оптек како вистински на повеќе локации на подрачјето на Куманово и Крива Паланка.

Бидејки постои сознание дека истите се сторители и на други вакви дела сторени и во други градови низ Р.Македонија. во тек се мерки за нивна проверка, расветлување и документирање по што ке бидат поднесени и соодветни пријави.

Инаку пријавените Н.С, Д.Т. и Г.С. се познати стортители на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа тешки кражби и кражби за што им се поднесувани кривични пријави.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа