Во Скопје наврнаа 37 литри на метар квадратен

Од:

Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа во главниот град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека повеќе нема услови за пороен дожд во скопското подрачје. Водената маса е сосема ослабната и поместена кон исток.

Вчера во раните претпладневни часови умерена нестабилна облачност со дожд и грмежи имаше во североисточниот дел од земјата, односно во Крива Паланка, Виница и Берово, а доцна попладнето, исто така со умерен интензитет, во северозападниот дел.

И за денеска попладне од Управата најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Според прогностичките материјали, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони.

Утре и во среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија