Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани 503 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а починале седум пациенти на возраст од 38 до 82 години, соопшти Министерството за здравство.
Во истиот период, 279 скопјани закрепнале, а бројот на активни случаи во главниот град продолжува да расте и сега изнесува 8.826.
Аеродром, Гази Баба и Карпош се скопските општини со најголем број активно заразени пациенти.
Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 547
• Гази Баба – 1260
• Аеродром -1319
• Карпош – 1128
• Центар – 1097
• Кисела Вода – 1077
• Ѓорче Петров – 725
• Бутел – 471
• Шуто Оризари – 150
• Студеничани – 40
• Сарај – 120
• Арачиново -29
• Илинден – 219
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 100
• Петровец –97
• Зелениково -55
• Странец – 150
• Нераспределен- 179
